Андреа Пирло на почетокот од тренерската кариера доби огромен предизвик да го води Јувентус. Тој требаше да биде на чело на тимот до 23 години, но по отказот на Маурицио Сари доби шанса да го предводи првиот тим. Пирло во интервју за УЕФА вели дека притисокот е многу поголем кога си тренер отколку кога си играч.
„Дефинитивно стресот е поголем кога си на клупата. На теренот можев да одлучувам што ќе правам со топката, а сега од клупа можам само да им кажувам што да прават. Ова е потешко. Кога бев играч имав таков стил и од мене зависеше што ќе се случува, сега тоа морам да го правам од клупата“ – вели Пирло.
Тој истакнува дека сорабтувал со многу тренери од Мирчеа Луческу до Марчело Липи, Карло Анчелоти, Антонио Конте, Масимилијано Алегри и дека ќе се обиде да искористи по нешто од сите, но вели дека најголем пример му е Пеп Гвардиола кој според него е пример за младите тренери и креатор на цело фудбалско движење.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА