Поради нов позитивен случај кој имал незаштитен контакт буквално со комплетниот состав, целиот тим на РК Металург вклучувајќи го и стручниот штаб оди во 14-дневна изолација.
„Металурзите“ вечерва отпатуваа за Богданци на натпреварот со Младост но истиот е одложен поради добиениот позитивен резултат од тестот на сомнителен случај во тимот.
Металург ќе бара до ЕХФ одложување и на натпреварот со Висла во Лига Европа.
„Поради втор позитивен случај со симптоми од денеска а за кого резултатите од тестот пристигнаа во 19 часот, ја одложивме средбата со Младост во Богданци. Целиот тим на Металург, вклучително и стручниот штаб, ќе оди во изолација од 14 дена поради незаштитен контакт со позитивниот случај. Секако ќе бараме одложување и на натпреварот со Висла во Лигата на Европа“ – информираше претседателката на Металург, Зорица Блажевска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА