Разочарувањето беше неминовно откако Вардар во драматична завршница наместо цел плен, освои само еден бод на вечерашниот дуел со Порто. „Црвено-црните“ имаа премногу осцилации во играта, но покажаа карактер и се вратија, дури и поведоа во последната минута, што сепак се покажа недоволно за втора победа во серија во Лигата на Шампионите.
Одбраната на чело со Борко Ристовски беше посилен дел од тимот во текот на 60-те минути, а отсуството на Дисингер остави преголема трага во нападот, каде „вардарци“ во бројни ситуации делуваа безидејно. Сепак, кога беше најважно со серија од 3-0 се стигна до предност, што за жал се покажа недоволна и за конечна радост.
Една победа, едно реми и еден пораз во првите три европски натпревари се солиден скор, но овој тим на Вардар поседува квалитет за да игра уште подобро, што сигурно ќе биде неопходно за да се остварат зацртаните цели – пласман во нокаут фазата од ЛШ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА