Дарен Флечер се врати во Манчестер Јунајтед

Дарен Флереч кој со Манчестер Јунајтед освои пет премиерлигашки титули и трофеј во Лигата на шампионите се врати во клубот кој му ја обележа кариерата. Флечер по 12 години минати на „Олд Трафорд“ во 2015 година направи трансфер во Вест Бромвич, а потоа се пресели во Стоук во 2017. На очетокот од оваа година, на 36 години ја заврши кариерата.

Кратко работеше како ТВ аналитичар. Сега вели дека е подготвен за тренерската професија. Затоа по стапките на неколу поранешни ѕвезди на Манчестер Јунајтед, Флечер почна да работи во младинските категории на клубот и на тој начин да ги минува потребните скалила во тренерската професија. Тој ќе работи со тимот до 16 години додека го стекнува и формалното тренерско образование.

 

 

Се вчитува...