На пет дена до претстојното Собрание на МОК на кое се очекува да биде избран нов претседател на највисоката спортска организација, се повеќе се разгоруваат страстите во битката во која е очекува главни актери да бидат Даниел Димевски и Александра Војнеска – Зикова, како кандидати за наследник на Васил Тупурковски.
На Собранието со право на глас се вкупно 53 делегати, од кои покрај 29 олимписки федерации има и 24 поединечни членови. Меѓу поединечните членови – делегати на Собранието се и прославени имиња на македонскиот спорт како Дарко Панчев, Стојна Вангеловска, Гордана Нацева, Шабан Сејдиу, Чедо Николовски, Моника Гавриловска, Владимир Богоевски, Елизабета Божиновска, Емил Павлов… Во оваа трка секој глас е исклучително важен, а особено интересно е во „куќата на пливањето“, каде веќе неколку години функционираат две федерации, едната под водство на Александар Филипчев, втората на чие чело се наоѓа Александар Маленко.
Федерацијата на Филипчев е уредно регистрирана и признаена во Централниот Регистeр и како таква би требало да има право на глас на претстојното Собрание на МОК, од каде пак предност даваат на „куќата на пливањето“ предводена од Маленко.
Реакцијата на Александар Филипчев ја пренесуваме во целост…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА