Солскјер пред Челси: Уште боли катастрофата од 1-6

Манчестер Јунајтед влезе во триумфален ритам по победите над Њукасл и над ПСЖ, но Оле Гунар Солскјер тврди дека неговиот тим се уште е во шок по катастрофалниот пораз од 1-6 на дерби-дуелот со Тотенхем. Токму тој неуспех делуваше како шок-терапија за „црвените ѓаволи“, па Солскјер се надева дека неговите избраници ќе се прикажат во многу подобро светло на следниот дерби-дуел во Премиер-лигата, што Јунајтед ќе го игра в сабота на домашен терен против Челси.

„Се разбира дека натпреварот со Челси е многу важен за нас. Ако изгубиш еден натпревар, поодлучен си да го победиш наредниот. Го видов тој фокус на мечот во Њукасл, а после тоа го победивме и ПСЖ што ми дава верба. Тоа беа два одлични настапи  и резултати за нашиот тим, но сега сме фокусирани на натпреварот кој не очекува в сабота. Челзи како и сите други тимови, имаше многу добри натпревари, но и неколку лоши, тимовите се уште влегуваат во форма. Знаеме дека ќе биде тежок натпревар против Челзи. Не сакаме да ни се повтори мечот со Тотенхем, тоа беше катастрофа што се уште ги боли сте во тимот” – изјави Оле Гунар Солскјер.

Мегваер ќе се врати во стартниот тим откако го пропушти мечот со ПСЖ во Париз, a своето деби во дресот на „црвените ѓаволи“ би можел да го има и Единсон Кавани. Солскјер нема да може да смета на суспендираниот Марсијал, со што се зголемуваат шансите Кавани дури и да се појави во стартниот тим против Челси.

Се вчитува...