ЖРК Куманово лесно со Деспина, ЖРК Чаир минимално против Спартак

ЖРК Куманово продолжува да „гази“ во женската ракометна лига на Македонија. На „менито“ на кумановки овој пат се најде Деспина која беше декласирана со 43-14. Најефикасна во победничкиот табор беше Мила Трајковиќ со 9 гола, додека 7 постигна Александра Боризовска. Кај поразените Мери Конеска натпреварот го заврши со пет гола.

ЖРК Чаир потешко од очекуваното стигна до триумф над Спартак од минимални 31-30. Иако во финишот домашната екипа имаше предност и од три гола 31-28, стигна до опуштање па мечот го добија со само еден гол разлика. По девет гола постигнаа Марија Николовска и Леонора Рахмани кај победничките, додека во Спартак се истакна Ангела Гроздановска со 10 гола.

РЕЗУЛТАТИ СУПЕРЛИГА ЖЕНИ

ЖРК Куманово – Деспина 43-14

Шампион – Стружанка 24-27

ЖРК Чаир – Спартак 31-30

Овче Поле – Гевгелија 19-24

Кузман Вардар – Ѓорче Петров 21-26

Се вчитува...