Видео: Загревање за „Ел Класико“, најубавите десет гола во последните десет сезони

Големото дерби меѓу Барселона и Реал Мадрид ќе го одбележи денешниот ден во фудбалска Европа, дуел на вечните шпански ривали што изобилува со прекрасни потези, но и крајно жестоки дуели на сите делови од теренот.

Како загревање за денешното „Ел Класико“, уживајте во изборот од десет најубави голови на дуелите меѓу Барса и Реал во последните десет натпреварувачки сезони.

Погледнете ги ремек-делата на Меси, Иниеста, Роналдо, Бензема… а на врвот се наоѓа сегашниот член на Интер, Алексис Санчез, со беспрекорниот лоб-удар за еврогол на дербито на „Камп Ноу“ во сезоната 2013/14.

Се вчитува...