Пеп Гвардиола се соочува со нов проблем откако Серхио Агуеро заработи повреда во првото полувреме од денешниот дуел со Вест Хем. Тој на паузата беше заменет со Фоден, а стратегот на Манчестер Сити потврди дека станува збор за повреда на аргентинскиот голгетер.
„Мислам дека е проблем со мускулот. Утре ќе биде детално прегледан, по што ќе имаме повеќе информации“, изјави Гвардиола.
Главоболките се уште поголеми ако се знае дека повреден е и вториот напаѓач на Сити, Габриел Хесус, поради што Гвардиола е принуден да го игра Рахим Стерлинг како најистурен во нападот на својот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА