Лацио ја прекина серијата од три натпревари без триумф во Калчо-лигата, славејќи на дуелот против Болоња со 2-1. Охрабрени по големата победа над Борусија Дортмунд во ЛШ, „лацијалите“ одиграа со далеку поголема самодоверба откако во претходните рунди од Серија А, заслужено радувајќи се на победата.
Луис Алберто го отвори резултатот на почетокот од второто полувреме, постигнувајќи фантастичен гол по една неверојатна тимска акција што почна од голманот на Лацио, за по десетина додавања шпанскиот плејмејкер со силен удар да го матира гостинскиот голман.
На 2-0 во 76. минута зголеми Имобиле, а гостите до крајот успеаја само да го ублажат поразот преку Де Силвестри во 91. минута.
⚽ GOAL!
Lazio 1-0 Bologna – Luis Alberto 54′ #LazioBologna pic.twitter.com/ocvBMLvpxI— noobfcb (@noobfcb) October 24, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

