Марфи спречи радост на Вулверхемптон

Вулверхемптон не успеа да триумфира на домашен терен против Њукасл откако гостите во самиот финиш постигнаа погодок со кој ја продолжија успешната традиција од 47 години без пораз на гостувањата против „волците“.

Офанзивата на Вулверхемптон во второто полувреме беше крунисана со погодок на Раул Хименез, откако Мексиканецот со фантастичен удар од дваесетина метри го матираше гостинскиот голман. Домаќините потоа се повлекоа, а Њукасл успеа да ја искористи првата шанса, Марфи беспрекорно изведе слободен удар од дваесетина метри, крај лошо поставениот жив ѕид го изненади Руи Патрисио и спаси бод за „црно-белите“.

Се вчитува...