Георгина Родригез неколку години наназад се наоѓа во центарот на јавноста, по успешната врска што оваа шпанска убавица ја има со Кристијано Роналдо. Португалецот веќе има богатство проценето над една милијарда долари, но и Георгина знаеше како да ја искористи популарноста на Кристијано, па изгради сопствен имиџ и преку профилот на инстаграм што го следат 22 милиони лица рекламира артикли на светски познати брендови.
„Многу работев на остварувањето на моите соништа. Некој мисли дека сум била богата од раѓање, но ситуацијата е сосема спротивна. Како мала важев за „грдо пајче“, но потоа ептен пораснав. Никој не мислеше дека ќе израснам во ваква лепотица, па затоа сега луѓето ни љубоморат на мене и на Кристијано. Зависта е чувство која ги исполнува луѓето со омраза и огорчување“, вели Георгина во интервју за шпанскиот магазин “Mujer Hoy”.
Таа проговори и за тешкото дество што го имала додека растела во Хуеска без својот татко.
„Дел сум од големо семејтво, а живеевме во мала куќичка во Хуеска. Израснав без татко, бидејќи тој беше 10 години во затвор поради дилање на дрога“, открива поубавата половина на Кристијано Роналдо.
Како што самата вели, критиките повеќе не допираат до неа.
„Многумина не ме сакаат ниту мене ниту мојот Кристијано. Извесно време бев загрижена поради тоа, а тогаш ја увидов вистината – ќе ме критикуваат што и да правам. Затоа, не се грижам за туѓото мислење туку за среќата на луѓето кои ги сакам и кои ме сакаат мене“, истакнува Георгина Родригез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА