Деветкратниот едно по друго шампион на Италија, Јувентус слабо ја почна новата сезона. Синоќа Дејан Кулушевски ја спасуваше „старата дама“ од пораз против Верона, а очигледно е дека кога Роналдо го нема на теренот, Јувентус има проблем да победи и против најслабите екипи во Серија А. Затоа раководството на клубот го вклучил алармот и во јануари месец на „Алијанц арената“ во Торино ќе се обиде да го доведе Аркадиуш Милик од Наполи.
Покрај Јувентус за одличниот фудбалер на Наполи се заинтересирани и премиер-лигашите Тотенхем и Евертон, кои веруваат дека напаѓач како него од клупата ќе биде клучниот фактор за напаѓањето на титулата во англискиот шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА