Дожд од голови на „Сан Сиро“ и реми на Милан и Рома

Милан и Рома ремизираа 3-3 на „Сан Сиро“ во последниот меч од петтото коло во Серија А. Тоа е прво реми за Милан по низата од четири последовни победи. Златан Ибрахимовиќ постигна два гола за „росонерите“, но, сепак, и тоа не беше доволно за победа. Џеко, Верето од пенал и Кумбула беа стрелци за Рома.

Покрај Ибрахимовиќ, за Милан гол постигна и Салемекерс.

Рома по пет кола се наоѓа на деветтата позиција со осум бода.

Се вчитува...