Тотенхем стигна до победа од 0-1 на гостувањето кај Барнли во последниот меч од 6. коло во Премиер-лигата. По натпреварот менаџерот на клубот од Лондон повторно го „пецна“ менаџерот на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер.
„Не мора секогаш да биде 6-1. Знаев дека нема да биде убав меч за гледање, но со добри тимови доволно е и 1-0“, изјави Мурињо.
Англиските медиуми ја преносоа оваа изјава како директна провокација за Оле Гунар Солскјер бидејќи во првиот натпревар сезонава меѓу Тотенхем и Манчестер Јунајтед, лондонскиот клуб едноставно ги понижи „црвените-ѓаволи“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА