„Ниту поради мајка му, ниту поради татко му – Хабиб се пензионира затоа што се плаши од Конор“

Хабиб Нурмагомедов уште еднаш ја одбрани УФЦ-титулата во лесна категорија по победата над Американецот Џастин Гатје во Абу Дабу. Веднаш по својата 29. победа во кариерата, без ниту еден пораз, Хабиб објави дека се пензионира затоа што мора да ја исполни желбата на неговата мајка која го барала тоа од него.

„Не сакам да се борам повеќе без мојот татко до мене. А, и ветив и на мајка ми дека ова ќе биде моја последна борба“ – изјави Нурмагомедов по победата над Гатје.

По триумфот стигна честитка и од неговиот најголем ривал Конор МекГрегор. Но, блиски лица од таборот на МекГрегор, како што е Дилан Денис, мислат дека Хабиб не се повлекува поради неговите родители туку само затоа што сака да избегне следна борба со Конор.

„Ниту поради татко му, ниту поради мајка му. Хабиб Нурмагомедов се повлекува затоа што се плаши од Конор Мек Грегор. Тоа е едиствената вистина“ – ставот на Денис Дилан.

Дилан истото тоа го напиша и на социјалните медиуми, но изненадувачки, по неколку часа го избриша овој свој статус. Добро упатените велат, по наредба на Конор МекГрегор.

Се вчитува...