Пелистер со несреќен пораз од данскиот ГОГ Гудме (30-29) го почна настапот во годинашното издание во Лигата на Европа. Тренерот на Битолчани, Жељко Бабиќ по мечот изјави дека е тажен за поразот од данскиот тим, но дека е среќен бидејќи конечно по седум месеци пауза Пелистер игра меч со натпреварувачки карактер.
„Тажен сум. ГОГ одигра одличен натпревар. Тврд и израмнет меч. Имавме на крај шут за нерешено, но тоа е ракометот. Јас сум задоволен бидејќи седум месеци немавме меч со натпреварувачки карактер. Задоволен сум од партијата на Благојче Трајковски. Иако е наш втор голма, одигра неверојатен меч. Многу сум среќен за него. Сега се подготвуваме за следниот меч. Јас се радувам на тоа, бидејќи ракометот е мојот живот. Сакам се што носи ракометот. Стресот, возбудата, среќата“, изјави Бабиќ.
Во второто коло на 17. ноември Пелистер во Битола ќе го пречека швајцарскиот Кадетен Шафхаузен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА