Интер во јануари ќе го „лови“ Нголо Канте

Нголо Канте беше голема желба на Интер во летниот преоден рок, но „нероаѕурите“ не успеаа да го донесат Французинот во Милано. Повторен обид клубот од „Џузепе Меаца“ ќе има во јануари. Како што информира „Паризиен“, Канте не е во најдобри односи со менаџерот на Челси, Франк Лампард и побарал од раководството да ја промени средината.

Интер сака да ја искористи оваа ситуација на „Стемфорд бриџ“ и да го донесе Канте во Милано. Со тоа ќе биде исполнета желбата на Конте, но ќе биде и најава дека клубот е подготвен за трка за шампионската титула во Серија А.

 

 

Се вчитува...