Се уште трае изборното собрание на Македонскиот олимписки комитет на кое треба да се избере новиот претседател меѓу двајцата кандидати Даниел Димевски и Александра Војнеска Зикова. По се изгледа собранието за избор ќе биде маратонско, а свое мислење околу целата ситуација даде директорот на ракометната репрезентација, Левче Китевски кој смета дека во време на корона не смее толку долго да трае собир на 70 луѓе во затворена просторија.
„MOK e формиран по правилата на олимписката повелба, закон за здруженија на граѓани и фондации и Законот за Спорт на Р. С. Македонија, закон што актуелното раководство не го спроведува. Тука сум дојден да го избереме најдобриот, а не да се расправаме. Ако е ова по закон и професионално ке завршевме за половина час. Многу јасно стои во законот како се организира собрание. Направивме многу отстапки и грешки. Сум работел на двете места и во федерација и во клуб. Го познавам сегментов многу добро. Неправилното и незаконското работење по статутот придонесе за да три саати и кусур седиме во оваа сала, се движиме во погрешна насока, избираме тела на собранието, па потоа верификациска комисија што би можела да врати се наназад. Токму поради ваквите неправилности во работењето се доведуваме во ситуација сега да седам до Перо Антиќ, со кого приватно сум одличен пријател, да треба да влегувам во конфликт. Го ставаме во мат позиција новиот директор, го ставаме во мат позиција Тодор Гечевски. Седиме три часа во корона вирус не знам дали е дозволено. Седиме тука 70 луѓе, дали знаеме дека сме сите здрави. Да знаете дека мора да го почитувате времето на овие луѓе и се што е напишано треба да се почитува“, порача Китевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА