Повеќе од тензичното Собрание на ОКСМ на кое се избира новиот претседател по повлекувањето на Васил Тупурковски, за жал, мина и со неколку ситуации на работ на инцидент.
За време на говорот на Борко Ристовски, кој беше гостин на Собранието, дел од делегатите револтирани од навредливите зборови кон присутните спортисти, се впуштија и со реакција кон голманот на РК Вардар.
„Прекинете ги ваквите партиски говори од спортска говорница. Доста го користиш Собранието за партиска промоција“ – беа реакциите на дел од делегатите кон Борко Ристовски, кој е член на Комисијата за спорт на ВМРО-ДПМНЕ.
Редарските служби, сепак, ги смирија тензиите пред продолжувањето на Собранието…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА