Тиквеш со серија од 12-0 го растури Работнички

Ракометарите на Тиквеш стигнаа до нови бодови во Супер-лигата откако неочекувано лесно и убедливо го совладаа составот на Работнички со 33-21.

Гостите од Скопје добро парираа дваесетина минути, имаа водство од 9-11, но потоа кавадарчани заиграа одлично во одбраната и на крајот од првото и почетокот од второто полувреме направија серија од фантастични 12-0, поведувајќи со 21-11. Потоа, избраниците на тренерот Петрески знаеја како да ја задржат предноста до самиот крај, за конечни „плус дванаесет“.

Коцев со осум погодоци беше најдобар стрелец во таборот на Тиквеш, додека најефикасен во редовите на Работнички беше Тоше Ончев со шест гола.

Се вчитува...