Фенербахче со убедлива победа од 65-75 го заврши гостувањето против Макаби Тел Авив во Евролигата.
Во шестиот натпревар во најквалитетното европско клупско натпреварување, турскиот тим до триумфот дојде со подобрата игра во второто полувреме кога беше решен победникот.
Најефикасен во победата на Фенербахче беше Али Мухамед со 17 поени, а 13 поени запиша Нандо Де Коло. Во поразениот состав Скоти Вилбекин беше најефикасен со 23 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА