Неприкосновениот УФЦ шампион во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов минатата недела најави пензионирање по победата против Џастин Гатје, завршувајќи ја кариерата до 29 победи од исто толку борби. Но, само седум дена потоа Дана Вајт, првиот човек на УФЦ, најавува голем пресврт.
Хабиб претходно и вети на неговата мајка дека ќе заврши со борбите и ќе се врати во своето родно село во Махачкала каде планира мирен семеен живот во иднина, далеку од големата сцена и рефлекторите.
Но, во интервју за американската „Си-би-ес“, Вајт соопшти дека веќе разговарал со Хабиб и верува дека постојат огромни шанси Дагестанецот да се предомисли и да продолжи со борбите, затоа што сака, само поради својот покоен татко, да стигне до бројката од 30 победи во кариерата.
„Хабиб и јас разговаравме. Беше емотивен по последната борба и неговата 29. победа. Добив чувство дека сака да брка 30. победа. Мислам дека ќе има уште една борба. Неговиот татко секогаш целеше на 30-0, и мислам дека ќе му ја исполни таа желба“ – вели Вајт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА