Денешниот ден носи и ново одложување во ракометната Супер-лига на Македонија. Откако вчера беше соопштено дека Еурофарм Пелистер 2 и Прилеп нема да можат да ги одмерат силите поради коронавирус, денеска стигна информација и за одложување на мечот меѓу РК Радовиш и РК Јуниор Кисела Вода.
„Натпреварот кој требаше да се одигра вечерва помеѓу РК Радовиш и РК Јуниор К.В. со договор на двете екипи е одложен и ке се одигра на 06.11.2020 со почеток од 19.00 час“, стои во соопштението од РК Радовиш.
Новиот термин на одигрување на мечот ќе биде 06.11.2020 во 19 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА