Кристијано Роналдо е веќе 18 дена во изолација откако е позитивен на коронавирусот Ковид-19. Португалецот е исклучително лут поради тоа што нема никакви симптоми на зараза, поради што и ПЦР-тестовите ги нарече „срање“.
Но, од вторник Кристијано конечно ќе може да почне со тренинзите. Како што наведува „Тутоспорт“, протоколот во Италија овозможува на секој асимптоматичен да ја напушти изолацијата по 21 ден, без разлика на тестот.
Но, Роналдо, и покрај тоа што ќе може да тренира со клубот, нема да може да игра натпревари се додека не добие негативен тест. Според најавите, фудбалерот на Јувентус во среда треба да има нов тест по што ќе се знае и дали конечно ќе може да се врати и на натпреварите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА