Андреа Пирло се соочува со огромни проблеми на стартот од тренерската авантура со Јувентус, а по нерешените средби со Кротоне и со Верона и поразот од Барселона во ЛШ младиот стратег доби едно непосакувано признание. Уредниците на “ Striscia La Notizia“ го дочекаа Пирло пред влезот од тренинг-кампот на Јуве за да му ја врачат „Златната канта“ за стартот на сезоната, „награда“ што вообичаено им се доделува на оние кои важат за најголеми разочарувања во текот на сезоната.
Пирло ја прими малата „статуетка“, а потоа јасно стави до знаење дека очекува серијата слаби резултати што поскоро да биде прекината.
„Не се плашам. Уверен сум дека се движиме во вистински правец и наскоро ќе победуваме“, порача Пирло.
Добра вест за него е што Кристијано Роналдо по 19 дена конечно го победи коронавирусот, по што Португалецот доби зелено светло за тренинг и би можел да настапи веќе викендов, на гостувањето против Специја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА