Анадолу Ефес конечно врза две победи во низа во Евролигата откако по триумфот над Макаби турскиот првак вечерва славеше и на тешкото гостување против Олимпијакос (79-84). Натпреварот го одбележа враќањето на најдобриот кошаркар на Ефес, Шејн Ларкин, кој беше „во аут“ од стартот на сезонава, но откако се рехабилитираше од повредата вечерва за првпат му се стави на располагање на тренерот Атаман.
Дуелот го одбележа израмнета игра во која Ефес почесто го контролираше резултатот во своја полза. Турскиот гигант на пет минути до крајот стигна и до двоцифрена предност, домаќините се приближија на само еден напад разлика, но гостите од Истанбул знаеја како да го сочуваат водството и да го претворат во конечен триумф.
Ларкин постигна 15 поени на камбекот, исто колку и Бобуа, а најдобар поединец во победничкиот тим беше Мициќ, реализирајќи 20 поени и 8 асистенции. Прв стрелец на Олимпијакос при денешниот пораз беше Хасан Мартин со 11 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА