Грузија без Чакветадзе од Гент на истoрискиот меч против Македонија

Репрезентацијата на Грузија ќе биде без еден од најдобрите свои фудбалери, Ѓорѓи Чакветадзе на историскиот натпревар против Македонија за пласман на Европското првенство следната година кој на 12. ноември се игра на „Динамо арена“ во Тбилиси.

Како што пренесуваат белгиските медиуми, фудбалерот на Гент го очекуваат уште две недели пауза по артроскопијата на коленото на почетокот од овој месец. Сето тоа значи дека тешко дека ќе биде подготвен за натпреварот за 12 дена, и покрај тоа што претходно се предвидуваше дека ќе биде на располагање на селекторот Владимир Вајс за дуелот со Македонија.

Од Фудбалската федерација на Грузија веруваат дека, сепак, ќе може да сметаат на Чакветадзе кој ќе добие покана за приклучување на репрезентација па дополнително во Тбилиси би било одлучено дали ќе може да настапи. 21-годишниот фудбалер од средниот ред за Гент има 39 настапи по пристигнувањето во 2018 година и пет постигнати голови. Се работи за еден од најголемите таленти на грузискиот фудбал, но често подложен на повреди.

Се вчитува...