Колумбискиот интернационалец Луис Муриел донесе победа за Аталанта од 1-2 на гостувањето кај Кротоне во 6. коло од Серија А. Колумбиецот со головите во 26. и 38. минута донесе водство за тимот од Бергамо, а Сими во 40. намали на 1-2. И покрај неколкуте добри шанси на двете страни во второто полувреме мируваа мрежите, по што Аталанта успеа по двата порази да стигне до триумф.
Со оваа победа избраниците на Гасперини се искачија на втората позиција на табелата со 12 бода, односно еден помалку од лидерот Милан, но и натпревар повеќе. Кротоне останува на последната позиција со само еден бод и тоа освоен против Јувентус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА