Гостивар влезе во новата сезона со амбиции да се вмеша во трката за највисок пласман, но тимот на Марјан Србиновски уште на самиот почеток од сезоната беше брутално приземјен од Академија ФМП.
Тренерот Петровиќ и неговите избраници му одржаа лекција по кошарка на големиот фаворит, водејќи од почеток до крај, играјќи ефикасно во нападот, но и цврсто во одбраната. Очигледно е дека тимот од Кисела Вода склопи квалитетен состав, што предводен од искусен стратег како Петровиќ ќе може да им ги замрси сметките и на најголемите фаворити на домашната сцена.
За Гостивар, ова сепак е само почеток на сезоната и доколку биде извлечена поука од неуспехот „сино-белите“ наскоро ќе влезат во посакуваниот ритам. Денешниот дуел сепак покажа дека пред нив е многу работа за да се кренат на нивото на игра што се очекува од избраниците на Србиновски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА