Сетиен: Тешко е да се работи со Меси, бев сменет пред фијаското со Баерн

Минаа неколку месеци од катастрофалниот пораз на Барселона од Баерн Минхен во ЛШ, по што Кике Сетиен доби отказ од тренерската функција во каталаонскиот гигант. Сепак, поранешниот тренер на Барса е убеден дека одлуката за негово заминување нема никаква врска со тој пораз.

„Тоа е пораз што уништува, со тој неуспех станав дел од историјата на клубот, но не на начин каков што посакува секој. Секако дека го преземам својот дел од вината, но јас бев сменет уште пред тоа фијаско. Подоцна дознав дека одлуката да ми биде врачен отказ била донесена со денови претходно, независно каков резултат ќе оствари тимот во Лигата на Шампионите“, истакна Сетиен.

Потоа, искусниот стручњак го прокоментира и својот однос со Аргентинецот, за кој повеќе од јасно беше дека е далеку од идеален.

„Постојат играчи со кои тешко е раководи како тренер, меѓу нив е и Меси. Мораме да имаме во предвид дека тој е најдобриот фудбалер во светот на сите времиња. Кој сум јас да го менувам? Таму го имаат прифатено таков каков што е, низ сите овие години го немаат променето, па знаев дека јас не треба ниту да се обидувам. Кај врвните спортисти секогаш постои уште еден аспект на самата личност со која е тешко да се управува, го видовме тоа и во документарецот за Мајкл Џордан. Ќе видите работи што не ги очекувате до него. Меси е многу воздржан, не зборува речиси ништо, но прави ти да гледаш работите што тој сака да ги видиш“, вели Кике Сетиен.

Се вчитува...