Скандалозна постапка во БиХ: Ракометари, за инает на противникот, играле позитивни на Ковид-19

Скандалозна постапка на РК Босна од Високо кој во шампионатот на БиХ се одлучи да настапи против РК Криваја со дури шест ракометари позитивни на Ковид-19.

Од раководството на Босно потврдија дека настапиле со позитивни ракометари затоа што претходно челниците на Криваја, пак, одбиле да го одложат натпреварот откако домашните известиле дека имаат ракометари со симптоми.

Медиумит од БиХ информираа дека болните ракометари играле спротивно од здравствените прописи.

„Од РК Криваја намирисаа крв и не сакаа да го одложат натпреварот. Победија, но што се однесува до фер-плејот, тие не се спортисти. Поените се освојуваат и се губат, но не можете да ги зачувате пријателите со вакви работи“ – се вели, меѓу другото, во соопштението од РК Босна.

Се вчитува...