Ненад Димитријевиќ со нов извонреден потег ја воодушеви кошаркарска Шпанија, „магијата“ што македонскиот плејмејкер ја изведе при денешниот триумф на неговиот Хувентуд над Естудијантес од 97-70.
Заморот кај домаќините и отсуството на неколку стандардни првотимци не остави трага врз изданието на Хувентуд, тимот на Димитријевиќ уште во првата четртина стигна до двоцифрена предност што ја одржуваше до самиот крај. Потегот на мечот беше во режија на македонскиот репрезентативец, кој најпрвин одлично се ослободи од чуварот, за потоа да тргне во извонредно положување на втор обрач.
Димитријевиќ го заврши натпреварот со 10 поени и 5 асистенции, а најефикасни во Хувентуд беа Томиќ и Бродзиански со по 17 поени.
? PRECIOSO aro pasado de @Neno_D7 #LigaEndesa #NoEsNormal
? En directo por @MovistarPlus pic.twitter.com/S9SuGGThsG— Liga Endesa (@ACBCOM) November 1, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА