Мурињо, во свој стил, полн пофалби за Герет Бејл

Со победата против Брајтон во седмото коло од Премиерлигата, Тотенхем се проби на второто место од табелата. Триумфот за лондонскиот клуб го осигура Герет Бејл во 73. минута од средбата.

„Ни беше неопходен гол, и ви зборувам веќе со недели дека Бејл е се подобар. Знам дека се уште нема 90 минути премиерлигашки фудбал во своите нозе, но олеснителна околност за нас е што е интелегентен и искусен. Тој е Тотенхем, тој многу добро го разбира овој тим“ – истакна Мурињо по мечот, и дополни:

„Натпреварите од Лига Европа ги користиме за да ја подобриме неговата кондиција. Сега, по постигнатиот гол, и тој одлично се чувствува но и навивачите кои многу го сакаат Бејл“.

 

 

Се вчитува...