Позитивен првотимец и во Баерн Минхен, клубот откри за кого станува збор

По потврдата утрово дека Едер Милитао е позитивен на коронавирус пред натпреварите од Лигата на шампионите и европскиот шампион Баерн Минхен потврди еден позитивен случај. Се работи за дефанзивецот Николас Зиле кој бил позитивен на последните спроведени тестови пред натпреварите во елитното натпреварување.

Тоа значи дека Зиле нема да биде дел од тимот на Баварците во мечот против Ред Бул Салцбург кој се игра во вторник. Останатите фудбалери се негативни на вирусот, но сепак ќе биде спроведено уште едно тестирање пред натпреварот како би се избегнал секаков ризик од ширење на вирусот во клубот.

 

Се вчитува...