Корона-хаос и во Ајакс

Коронавирусот продолжува да создава хаос во европскиот фудбал, а најновиот гигант погоден од Covid-19 e холандскиот првак Ајакс. Весникот „Де Телеграф“ во денешното издание обелодени дека гигантот од Амстердам има десетина заразени фудбалери во своите редови, откако добил изненадувачки резултати по тестирањето во пресрет на гостувањето против Митјиланд во третото коло од Лигата на Шампионите.

Идентитетот на заразените не беше објавен, но веста беше потврдена откако Ајакс попладнево соопшти дека само со 17 фудбалери ќе патува за Данска. Притоа, на списокот го нема најдобриот напаѓач Душан Тадиќ, потоа двајцата голмани Онана и Стекеленбург, како и најголемото летно засилување Дејви Класен.

За денеска клубот закажал ново тестирање, а доколку биде утврдено дека некој од овие играчи бил „лажно позитивен“, ќе се направат напори тие фудбалери дополнително да отпатуваат во Данска и да му се стават на располагање на тренерот Тен Хаг.

Се вчитува...