Лукаку остана дома, нема да игра против Реал

Интер ќе биде значително ослабен за претстојното гостување против Реал Мадрид откако беше обелоденето дека Ромелу Лукаку воопшто нема да патува со остатокот од тимот во Шпанија.

Белгиецот се повреди на последниот меч од ЛШ против Шахтјор, не настапи на саботното реми против Парма, а Конте изјави дека нема да ризикува и да го избрзува враќањето на својот најдобар голгетер. Откако корпулентниот голгетер не тренираше со екипата ниту денеска стана јасно дека тој нема да може да помогне во Мадрид, по што очекувана беше одлуката името на Лукаку да не се најде на листата на патници за Шпанија.

Ромелу Лукаку досега има постигнато 41 погодок на 58 натпревари за „нероаѕурите“ по трансферот од Манчестер Јунајтед во 2019 година.

Се вчитува...