Поранешниот фудбалер на Јувентус, Пасквале Бруно остро го критикуваше Кристијано Роналдо. Еден од најдобрите фудбалери во светот, во Јувентус стигна уште пред две години, но се уште не го научи италијанскиот јазик. Токму поради тоа е критикуван од поранешниот фудбалер на „старата дама“ кој смета дека Роналдо на тој начин покажување непочитување кон соиграчите и Италијанците.
„Роналдо е незнајко. Две години е во Италија и се уште не го научи нашиот јазик, се уште говори шпански. Тој со ова покажува дека не ги почитува ниту соиграчите, ниту Италијанците“, изјави Бруно.
За потсетување Бруно во кариерата покрај за Јувентус играше и за екипите на Торино, Фиорентина, Комо и Лече.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА