Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев одигра едно полувреме за Џенова во последниот натпревар од 6. коло во Серија А, асистираше, но не успеа да му помогне на својот тим да го избегне поразот од Торино на домашен терен од 1-2.
Торино имаше предност од 0-2 по првото полувреме, Пандев во игра влезе на стартот од вториот дел во 46. минута и со асистенција помогна Џенова да дојде до почесен погодок преку Џанлука Скамача во 94. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА