Јувентус синоќа рутински славеше убедливо со 1-4 на гостувањето против Ференцварош во Будимпешта во 3. коло од Лигата на Европа. Алваро Мората ги постигна првите два гола, Пауло Дибала следните два за тимот од Торино, а Боли во 90. минута само малку го ублажи поразот на домашните.
Но, се до 60. минута беше само 0-1 за Јувентус. Токму поради тоа и Андреа Пирло е повеќе задоволен од резултатот на мечот, отколку од играта на неговиот тим.
„Мораше да играме многу подобро. Направивме многу грешки само од чиста самобендисаност. Многу разговарам со играчите, но тие се тие кои одлучуваат кога се на терен. Можеа да бидат помалку егоистични и порано да го одлучат натпреварот“ – изјави по мечот тренерот на Јувентус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

