На натпреварот против Билбао, легендата на Реал Мадрид, Серхио Љуљ се искачи на второто место на вечната листа на „кралскиот“ клуб по постигнати поени во АЦБ Лигата.
Љуљ го помина Хозе Бириуков кој во дресот на тимот од Мадрид играше во 80-те и почетокот на 90-тите години.
? El HISTÓRICO partido en el que @23Llull se convirtió en el SEGUNDO MÁXIMO ANOTADOR de la historia del @RMBaloncesto.
Con sus 1⃣4⃣ puntos, superó la marca de Chechu Biriukov.
¡Leyenda blanca!#LigaEndesa pic.twitter.com/GnLRcwxpdQ
— Liga Endesa (@ACBCOM) November 5, 2020
32-годишниот бек дресот на шпанскиот клуб го носи од 2007 година, а досега има постигнато вкупно 5.323 поени. Пред него е само Филипе Рејес со 6.003 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА