АБА со нови проблеми, неизвесна судбината на регионалното натпреварување

Најдоброто регионално кошаркарско натпреварување, АБА-лигата започна со задоцнување предизвикано од правните проблеми кои произлегоа со влезот во групата на сопственици на тимот на ФМП од Железник, при што сметката на лигата беше блокирана, па одблокирана по наоѓањето на заеднички јазик, за сега повторно да се се јават истите проблеми.

Како што пренесува „Спорт Клуб“, загрепската Рајфајзен Банка е подготвена да ги затвори сметките на АБА поради правните недоразбирања.

Сега раководството е приморено да бара нова банка каде ќе се префрлат средствата, а иднината на натпреварувањето е повторно неизвесно.

Се вчитува...