Изненадувачка вест доаѓа од Автокоманда. Ракометниот клуб Металург одлучил да ја прекине соработката со тренерот Зоран Кастратовиќ, пренесува g-sport.mk. Кастратовиќ во Металург пристигна минатата сезона, а годинава успеа да ја оствари зацртаната цел, пласман во Лигата на Европа.
Металург и Кастратовиќ спогодбено го раскинале договорот, а утрово од клубот им било соопштено и на ракометарите за заминувањето на досегашниот тренер.
Во наредните денови се очекува од тимот од Автокоманда да го објават името на наследникот на Зоран Кастратовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА