Македонската репрезентација за фудбалери до 17 години ремизираше (1-1) и на вториот пријателски натпревар против соодветната репрезентација на Црна Гора кој се одигра во Подгорица.
По ремито (2-2) на првиот меѓусебен тест дуел, денеска избраниците на Драган Канатларовски стигнаа до 1-1 благодарение на голот на Матеј Ангелов.
За Македонија натпреварот го почнаа Тасев, Павлески, Зекири, Бучи, М. Ангелов, Елези, Мат. Софијаноски, Љушев, Гуџуфи, Шуку, Мар. Софијаноски, а влегоа во игра уште и Силјановски, Поп Антовски, Талха, Митев, Поповски, Милошевски, Илјази, Алексовски, Левент, Н. Ангелов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА