Македонската пресметка во 3. коло од Групата Ф во Лигата на Европа му припадна на Елиф Елмас. На дуелот во Ријека, Наполи во чии редови од првата минута настапи Елмас триумфираше со 1-2 против истоимениот хрватски клуб за кој целиот натпревар го одигра Дарко Велковски.
Елмас настапи до 59. минута кога беше заменет од Руиз, а „наполитанците“ до победата дојдоа во 62. минута со автоголот на Браут, и тоа со пресврт откако Ријека поведе со голот на Муриќ уште во 13. минута.
Во вториот натпревар од Групата Ф, Реал Сосиедад на домашен терен триумфираше против АЗ Алкмар со 1-0.
Во Групата А, Рома убедливо триумфираше со 5-0 против романски Клуж, додека во Групата Ј, Тотенхем победи со 1-3 на гостувањето против Лудогорец.
ЛИГА ЕВРОПА (3. коло)
ГРУПА А
Рома – Клуж 5-0
Јанг Бојс – ЦСКА Софија (21 ч.)
ГРУПА Б
Рапид Виена – Дандалк 4-3
Арсенал – Молде (21 ч.)
ГРУПА Ц
Хапоел Бер Шева – Баер Леверкузен 2-4
Славија Прага – Ница 3-2
ГРУПА Д
Бенфика – Глазгов Ренџерс 3-3
Лех – Стандард 3-1
ГРУПА Е
ПАОК – ПСВ 4-1
Омонија – Гранада 0-2
ГРУПА Ф
Ријека – Наполи 1-2
Реал Сосиедад – АЗ Алкмар 1-0
ГРУПА Ј
Лудогорец – Тотенхем 1-3
Антверпен – ЛАСК (21 ч.)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА