Познат календарот за следната сезона во Мото ГП шампионатот

Мото ГП го објави прелиминарниот распоред за сезоната 2021 кој не се разликува премногу од календарот по кој требаше да се вози тековната сезона. Најголемата разлика е што во календарот ја нема големата награда на Чешка во Брно.

Новиот шампионат треба да почне со трката во Катар на 28. март каде ќе се вози ноќна трка, а потоа следува големата награда на Аргентина и САД по што караванот се сели во Европа.

Дури на 3. октомври најдобрите мотоциклисти одат во Азија за шампионатот традиционално да заврши со трката во Валенсија.

 

Се вчитува...