Белградска Црвена Звезда загуби на гостувањето кај Баерн Минхен со 71-59. Израмнет натпревар во првите три четвртини, но Германците подобро се снајдоа во последниот период во кој стигнаа до посакуваниот триумф. Вејд Болдвин со 15 поени беше прво име во победничкиот табор, додека Беб-Вилер уфрли три помалку. Кај „црвено-белите“ единствен расположен беше Џони О’Брајант со 17 поени.
Во вториот меч од понудата во 20:30 часот, ЦСКА Москва рутински го совлада грчки Панатинаикос со 83-89. Русите во текот на целиот меч го контролираа мечот и стигнаа до рутинска победа. Најдобар поединец во победничкиот табор беше Дерун Хилард со 14 поени, додека кај поразените се истакна Немања Недовиќ со 17 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА