Шпанска Валенсија во трилер славеше над Милано со 86-81 во последниот натпревар од 7. коло во кошаркарската Евролига. Двата тима одиграа израмнето прво полувреме во кое си поделија по една четвртина. Клучен беше третиот период кој Валенсија го доби со седум поени разлика, а и покрај тоа што гостите успеаја во еден момент да се вратат и да го израмнат резултатот, сепак Шпанците во финишот подобро се снајдоа и стигнаа до конечен триумф од 86-81.
Најдобар поединец во победничкиот табор беше Сем ван Росом со 21 поен, надополнет со по два скока и две асистенции. Кај поразените Шевон Шилдс уфрли 17 поени, додека Кајл Хајнс мечот го заврши со 13.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА