Баерн Минхен е победник во првата голема дерби-пресметка од новата сезона во Бундеслигата, славејќи по пресврт со 2-3 на гостувањето против Борусија Дортмунд во 7. коло.
„Милионерите“ први поведоа со голот на Марко Ројс во 45. минута.
Кога се чинеше дека домашните ќе заминат со предност на полувремето, во последните секунди од првиот дел Алаба израмни на 1-1.
Победата на баварскиот тим ја најави Левандовски со голот во 48. минута. Сане во 80.минута донесе 1-3, а домашните единствено со голот на Халанд во 83. минута успеаја да го ублажат поразот.
По оваа победа, Баерн Минхен си ја зачува лидерската позиција со 18 бода, два повеќе од Лајпциг и три повеќе од Борусија Дортмунд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА