Лидерот во Втората лига – Запад, екипата на Гостивар со пораз го заврши своето гостување во Охрид во 10. коло од првенството. Повеќе од заслужена победа за охриѓани кои одиграа одличен тактички натпревар, за три бода и пробив во првата половина од табелата во второлигашката конкуренција.
Николче Симоновски беше извонреден на голот на домашните, бранејќи пенал во првото полувреме со што го отвори патот кон триумф за Охрид. Па, на крајот и пристигнаа трите бода за охриѓани. Александар Целески ја донесе заслужената победа со голот во 81. минута од натпреварот.
Скопје, пак, убедливо со 1-3 славеше на гостувањето против Велазерими. Мустафа Јусуф во првиот дел, и Изет Ајрулаху и Иво Јанакиевски во второто полувреме беа стрелци на головите за победа на скопјани.
Кораби дојде до победа против Тетекс во 90. минута со погодокот на Ујкан Муча.
ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД (10. коло)
Кораби – Тетекс 1-0
Охрид – Гостивар 1-0
Кадино – Велешта 0-0
Вардар Форино – Дрита 0-0
Велазерими – Скопје 1-3
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА